Продолжуваат разговорите помеѓу градоначалниците на Берово и Струмјани околу доизградбата на граничниот премин Клепало

Продолжуваат разговорите помеѓу градоначалниците на Берово и Струмјани околу доизградбата на граничниот премин Клепало кој е најавен како приоритет во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски информираше дека се закажани состаноци со надлежните комисиите од двете општини, по кои ќе се знае кои ќе бидат обврските на Општина Берово по однос на ова прашање

-Околу обврските на Општина Берово за граничниот премин Клепало, со детали ќе излеземе откако ќе се реализира средбата со комисијата за ова прашање во соседна Република Бугарија. Имаме утврдено динамика според која ќе имаме заеднички состаноци на комисиите од двете општини, а зависно од утврдената динамика и предвидените средства од програмата, ќе се утврдат и обврските кои треба да ги исполниме како Општина, рече Пекевски.

За градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев најважно во овој момент е што проектот е дефиниран како стратешки во рамки на  Прекуграничната програма за соработка помеѓу Република Бугарија и Северна Македонија, преку која како што додаде е најавено финансирање на 30 проценти за доизградбата на преминот од бугарска страна.

-По однос на ова прашање досега се реализирани 4 работни средби од наша страна, во која веќе се договорија начелните работи за градежните работи за изградба на граничниот премин кој е толку важен за двете општини. Од наша страна предвидена е изградба на пункт за лесни и товарни автомобили, а најважното е што тој проект е вклучен како стратешки во прекуграничната програма помеѓу Бугарија и Северна Македонија кој означува дека 30 проценти од буџетот на програмата ќе биде за изградбата на тој проект, рече Илиев.

Изрази надеж дека следната година по одобрувањето на средства од Комитетот за набљудување на самата програма, преку предвидените мерки за негова реализација проектот би се завршил за две до три години. Изградбата на граничниот премин Клепало се очекува да ја подобри поврзаноста помеѓу двете земји, но и да влијае на олеснување на трговијата и поттикнување на туризмот помеѓу Берово и Струмјани.

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/posts/1097566514102423?cft[0]=AZU18XRU6p6HxY9PH7FweqL-FXH6_tTpkWK5_Dm22xlFeRR6YoZjy8sD5qPhOoZ3tZ0WC3r-O7zz44I7ebr90Ygy30ksu5TkAFtVinjh9lgxtmUbExS0Pu42ZskZCpjvRGxXfc2WZzPXuAVFVaR7teDfrqx5hFXfA8aqx9Bfb5RlyJF6vCHx1qZi87oje9Jkx6o&tn=%2CO%2CP-R

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*