Голгетерот на ЖФК ,,Каменица Саса” Димитровска ги ,,остри” копачките за Јувентус

Ана Димитровска, стрелецот на првиот погодок за ЖФК ,,Каменица Саса” во минатогодишното издание на Лигата на шампиони во женски фудбал има нова шанса да го повтори подвигот, овојпат против далеку пореномираната екипа на Јувентус со која тимот од Македонска Каменица ќе ги одмери силите во првото коло од сезоната 2021/22 во најелитното женско клупско натпреварување во Европа.

Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите во женска конкуренција, натпреварот против италијанскиот гигант Јувентус ќе го одигра во Торино на 18 август како дел од полуфиналниот меч од групата 8.

Минатата година екипата од М.Каменица во првото коло беше поразена од софиска ЦСКА со 1:2, а стрелец на погодокот за каменичанки беше токму делчевката Ана Димитровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*