На планината Голак започна дводневниот младински камп за социјално претприемништво

На планината Голак во Делчево започна дводневниот младински камп за социјално претприемништво, на кој учествуваат 50 млади лица од неколку општини во регионот. Организатор на настанот е Регионалниот центар за застапување од Делчево чиј координатор Родне Деолска информираше дека кампот се реализира како дел од проектот  „Бизнис развој за млади преку социјално претприемништво“.

-Денес на агендата имавме дел работни активности, дел слободни активности, дел работни сесии во кои младите се запознаа со поимот Социјално претприемништво, но и со она клучното, а тоа е како да развијат некоја локална иницијатива, која кога ќе ја преточат во бизнис план, фокусот треба да биде Социјалното претприемништво. Она што остава впечаток е дека младите се задоволни и од работните сесии, но и слободните активности и добро е што младите кои учествуваат се од различни градови. па можат да си разменуваат искуства меѓу себе, рече Деолска.

Експертот за претприемништво, Јулијана Даскалов, од вториот ден од кампот очекува младите да претстават квалитетни идеи, кои потоа би се развиле во конкретни активности.

-Многу е важно да се знае дека малдите овде ќе научат што значи бизнис план, како да направат буџет, разговараме за тоа како да креираат една слика од идеја до производ, една цела слика и секако утре ќе имаат можност да слушнат како е во Европа и светот, но ќе зборуваме многу за тоа што значи Европа 20/20 и зошто Европа е фокусирана да даде поддршка на социјалното претприемништво, додаде Даскалов.

За младите учесници на кампот најважно е што во рамки на истиот имаат можност за споделување искуства преку заедничка дружба.

-Јас сум Емилија Стоичова од М.Каменица, ова е една убава дружба за нас, после сето тоа со пандемијата, многу е подобро да се дружиме. За темата веќе се согласуваме со Социјалното претприемништво и го сфаќаме на различен начин.

Чувството  е прекрасно, споделуваме идеи и заедно се дружиме, а еве сега имаме и рекреативни активности за уште поголема дружба, истакна Магдалена Ѓеоргиевска од Делчево.

За рекреативниот дел од кампот беше задолжени лиценцираниот планинарски водич и претседател на Планинарскиот спортски клуб „Голак“, Љупчо Чучуковски кој заедно со младите реализираше планинарски марш до врвот Чавка.

Преттходно во рамки на овој проект беше формиран и првиот Младински Хаб во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*