
Фолклорната група ,,Копачка” од с.Драмче Делчево успешно го заврши учеството на 47 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени кој се пдржа на 3 јули 2021.
-Ова ни е прв настап после пандемијата од Ковид 19. Грмнаа тапаните со националното и светско културно наследство заштитено од УНЕСКО орото „КОПАЧКА“, информираше секретарот Перса Стојановска.

Ечеше Рудина кај Долнени а публиката со бурен аплауз ги поздравуваше нашите млади инструменталисти тапанџии. Се слушнаа и нашите изворни песни „Пиле пое“, „Седела Јана, предела“ а особен интерес предизвика хумористичната песна „Заженил се млади младожена“.
Гостувањето на овој фестивал финансиски е поддржан од Министерството за култура, а младите тапанџии настапија со елементи на носијата субвенциониран од страна на Градоначалникот на Општина Делчево кон кои од ФГ ,,Копачка” упатија голема благодарност.

Leave a Reply