Андреа Димитровска е ученик на генерацијата во ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево за учебната 2020/21

За првенец на генерацијата 2012-2021 година во делчевската деветолетка е прогласена ученичката Андреа Димитровска. Како што стои во објавата на фејсбук профилот на училиштето, наставничкиот совет по предлог на Комисијата за избор на Првенец на генерацијата ја прогласи ученичката Андреа Димитровска од IX-2 одделение.

-Таа е ученичка која гордо го претставуваше училиштето на сите општински, регионални и државни натпревари по природни науки, биологија, хемија и географија, многубројни литературни конкурси, спортски натпревари и сите воннаставни активности кои ги организираше училиштето и Општината. Од името на целото училиште и го честитаме епитетот ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА и многу понатамошни успеси, се вели во објавата на ООУ „Св.Климент Охридски“.

На конкурсот за Првенец на генерацијата се пријавија и Стефанија Ќурчиска, Ева Ивановска и Марија Стоименовска кои исто така го претставуваа училиштето на општински, регионални и државни натпревари.

На сите ученинички работниот колектив од училиштето им посака многу успех во иднина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*