Од идната недела вакцинирање без пријавување во руралните средини во Делчевско!?

Од идната недела започнува вакцинирање на заинтересираните жители во руралните средини во Делчевско. Ова го најави директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска повикувајки се на препораките кои здравствените работници ги добија од Министерството заздравство по денешниот одржан состанок, а како резултат на новите вакцини кои пристигнаа во земјава.

-Имавме состанок со министерот кој не обавести дека пристигнаа новите дози вакцини кои беа најавени претходно. Во таа насока добивме уверување дека сите пациенти кои биле пријавени на vakcinacija.mk ќе бидат вакцинирани. Ќе се дозволи кампањско вакцинирање, од понеделник ќе направиме распоред и ќе вакцинираме по селата. Со тоа ќе се доближиме до луѓето кои немаа можност и пристап до интернет да се пријават и ќе овозможиме вакцинација и за оние кои немаа можност и услови да патуваат до Штип во Регионалниот центар, па дури и до Делчево. Во таа насока ќе добиеме доволно вакцини и фрижидерчиња за да може да ја траснпортираме вакцината. Имаме доволно персонал, уште утре ќе направиме распоред, ќе го известиме граѓанството преку месните заедници, матичните лекари и фирмите во кое село кога ќе биде вакцинацијата, така да секој жител кој има желба да се вакцинира ќе може да дојде без оглед дали е пријавен. Новост е тоа што се отвори можност и ние да го пријавиме, така да секој жител ќе биде вакциниран во местото каде живее, без разлика дали тоа е Стамер, Град, Делчево, Разловци и слично, рече Глигоровска.

Досега како што додаде директорката вакцинирани се 3000 граѓани, со извршена ревакцинација на 2000 вакцинирани лица.

-После една недела и тие ќе бидат ревакцинирани, досега вакциниравме со Астра Зенека и Синофарм, како и со Синовак. Знаете дека такви се условите тука, бидејки какви вакцини може да ги одржуваме тука, такви и добиваме. Вакциниравме со Синофарм, сега вакцинираме со Синовак и по потреба ќе добиеме нови вакцини, ќе продолжиме да добиваме нови вакцини, колку ќе има потреба, толку ќе вакцинираме, бидејки само вакцината е таа што може да го спречи ова зло на 21 век, додаде Глигоровска.

Во интерес на можниот четврт бран, Глигоровска додаде дека само вакцината може да спречи нова појава за ширење на новите соеви на ковид-19 поради што апелираше на масовната имунизација и во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*