Фото: „Промаши „една“ на тикет и освој џип Peugeot 3008“!

„Промаши „една“ на тикет и освој џип Peugeot 3008“. Под ова мото како дел од наградната игра на Sport Life, или попрецизно кажано „Погоди највисок коефициент, со еден промашен натпревар“, денес на делчевецот Сашко Јанковски му беа доделени клучевите од новиот Peugeot 3008 кој ја имаше највисоката погодена квота со еден „промашен“ натпревар на тикет, што му ја донесе и вредната награда на Спорт Лајф.

Условот прекрасниот убавец да заврши на улиците во Делчево беше да биде „промашен“ еден натпревар на тикет и притоа да се има најголемиот погоден коефициент, што му успеа на Јанковски кој денес го поднови возниот парк со ново возило.

Честитки до упорниот делчевец, кој бил доста близу да го има и најголемиот погоден тикет со добивка исто така вредна џип плус парична награда во висина на погодениот коефициент помножено со сумата која била уплатена на тикетот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*