Во Делчево во тек конкурсот за општинската награда „7 Септември“ за 2021 година

Во Делчево објавен конкурсот за општинската награда „7 Септември“ за 2021 година. Општинската наградата како што информираа од Општината се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Северна Македонија во знак на општествено признание за особени постигнувања.

-Општинската наградата се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Р.С Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Северна Македонија и во светот, истакнаа од Општината.

Конкурсот како што додадоа е расдпишан по денешната одржана седница на комисијата за доделување награди и признанија, а врз основа на член 11 од правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево.

Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ, додека наградата за правно лице се состои од плакета. Право да предлагаат кандидати за наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија, додадоа од Општината.

Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од 7 јули 2021 година и трае заклучно до ден 6 август 2021 година, а предлозите за кандидати  се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, со назнака “Предлог кандидат за доделување општинска награда”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*