Во Делчево одржана граѓанската трибина ,,Најдоброто за нашата општина”

Во Делчево вечерва во организација на СДСМ се одржа граѓанската трибина ,,Најдоброто за нашата општина”. Пред присутните свои обраќања во рамки на трибината имаа потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, претседателот на општинската организација на СДСМ, Влатко Величковски, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски и пратеничката и претседателката на комисијата за здравство Соња Михаиловска.

,Интензивно работевме за да го подобриме квалитетот на животот во Делчево. Ги реализиравме сите капитални ветувања, а од програмата се реализирани високи 80% од ветените проекти, но и реализиравме проекти кои не беа ветени во програмата, но беа долгогодишен товар на граѓаните, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

-Политиките на СДСМ не носат само моментални резултати и придобивки, туку ќе носат во годините што доаѓаат, а од тоа бенефит ќе има целото општество, рече претседателот на ОО на СДСМ Делчево, Влатко Величковски.

-Заедно креираме политики како одговор на потребите на граѓаните. Минималната плата е зголемена од 9.000 денари на 15.000 денари, просечната плата е покачена на 28.400 денари, растат платите во сите сектори, социјалната помош е зголемена за 300%, воведена е социјална пензија, истакна пратеничката на СДСМ Соња Михаилоска.

-Денес ние го живееме сонот на нашите претци, живееме во самостојна, слободна и демократска држава. Станавме 30 земја членка на НАТО, дел сме од најмоќниот воено-политички сојуз. Во НАТО влеговме како Македонци, со македонски јазик и идентитет. Да знаете дека сега се мотивирани како никогаш претходно, и покрај сите блокади и удари кои ни ги нанесуваат, како Влада преземаме одговорност, дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ и ќе влеземе во ЕУ како Македонци, со македонски идентитет и со македонски јазик. Од тоа не отстапуваме истакна Спасовски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*