„Подвижна читална“ – заеднички проект на ЈЛБ ,,Илинден” и основните училишта од Делчево

ЈЛБ „Илинден“ заедно со двете основни училишта во градот, започна со реализација на иницијативата насловена како „подвижна читална“. Како што истакнаа директорката на билиотеката Биљана Петровска и заменик директорката на деветолетката „Ванчо Прке“ МАријана Стоименовска целта е на отворен простор, учениците да ги читаат лектирите, да ги раскажуваат, да споделуваат мислења, односно заедно да ги обработуваат предвидените лектири за следната учебна година.

-Која ни е целта? Библиотеката ги има сите лектири кои ќе се обработуваат оваа учебна година. Ќе ги издаваме на сите ученици без разлика дали се наши членови или не се наши членови. Учениците ќе треба заедно, дали во градскиот парк, училишен двор или било каде на отворен простор, да ги читаат лектирите, да ги раскажуваат, да сподеуваат мислења, односно заедно да ги обработуваат лектирите. Доколку се покаже дека има интерес, ќе се вклучат и наставници кои ќе им помогнат во обработката на лектирите, а може и волонтерски да одржат час студенти или дипломирани невработени наставници. Денес ова е само најава, доколку има интерес од страна на учениците, се друго лесно и брзо ќе го организираме и реализираме, затоа што библиотеката има одлична соработка со двете основни училишта во градот, рече Петровска.

-Едно истражување покажало дека читањето во природа, опушта многу подобро отколку познатите методи на слушање музика, кафе со пријателите или прошетка во природа, додаде Стоименовска.

Во продолжение слушнете ги целосните изјви поврзани со оваа иницијатива:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*