Пријавете го стариот или неисправен велосипед во работилницата на Природна Перспектива

Волонтерите од Европскиот корпус за солидарност во рамките на проектот „Природна перспектива“ планираат спроведување на работилница за поправање велосипеди.

Идејата позади оваа работилница како што се вели во објавата на нивната фејсбук страница е да се поправат стари велосипеди за да служат како превозно средство без еколошки отпечаток.

-Велосипедите ќе бидат достапни за волонтерите како и за посетителите на центарот за обиколки низ регионот. Затоа, доколку имате стар велосипед и веќе сте го маркирале како отпад, сега можете да го донесете во центарот и заедно да му го продолжиме животниот век, велат од Природна перспектива.

Повеќе информации најавуваат откако ќе го дознаат бројот на заинтересирани.

Доколку сте еден од нив, оставете коментар под оваа нивна објава на фејсбук:

https://www.facebook.com/2018102061781236/posts/2921960888062011/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*