Во тек подготовките за фестивалот „Повикот на Малешевијата“

Во Берово во тек подготовките за првиот фестивал на отворено ,,Повикот на Малешевијата”. Фестивалот ќе се одржи на 16,17 и 18 јули 2021, а организатор на настанот е здружението Патфајндерс.

-Се работи за прв оutdoor фестивал во организација на нашето здружение кој ќе се одржи на Малешевските Планини. Секој љубител на природата, планинските спортови и дружбата е добредојден на фестивалот каде што ќе може вистински да ја искуси планината и сите прекраснотии кои ги нуди, истакнаа од ,,Патфајндерс”.

Во рамки на програмата на фестивалот предвидени се мали и големи планинарски и велосипедски тури, ,,Оф-роад” адреналинска тура со теренски возила, Фит камп предводен од професионалци, работилници за сите возрасти со интересни и едукативни содржини, како и настап на рок бендови и диџеи во рамки на тридневната програма.

-Тука ќе ја спомнеме и посетата на знаменитости (музеи и манастири) низ Берово. Настанот и целата организација ќе се спроведе со почитување на сите протоколи и препораки од Влада за заштита од Ковид-19 и поради тоа се замолуваат сите учесници на фестивалот да ги почитуваат мерките и препораките. Повеќе информации, детали и начин на пријавување, може да најдете на официјалниот фејсбук настан ,,Повикот на Малешевијата”, додадоа организаторите.

Од ,,Патфајндерс” ги поканија сите вљубеници во природата да бидат дел од едно незаборавно дружење во прекрасните Малешевски густи шумски предели каде за прв пат на едно место во рамки на фестивалот ќе се зближат Малешевската традиција со модерната култура, музика и спорт. 

Линк со детали за фестивалот и начинот за пријавување учество на истиот:

https://www.facebook.com/events/151442760368569/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22mechanism%22%3A%22search_results%22%2C%22surface%22%3A%22search%22%7D]%2C%22ref_notif_type%22%3Anull%7D

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*