Одржан форум за дефинирање на приоритетите за развој на селата во Општина Делчево

Во Делчево одржан форум со фокус-групата составена од претставници од месните зедници на кој се дефинираа приоритетите за развој на селата во Општина Делчево, како дел подготовките за креирање на Буџетот за наредната година.

Форумот е дел од европскиот проект „Проектот за даночна одговорност – кон граѓанска одговорност и одговорни даноци“ кој го спроведува Центарот за економски анализи во партнерство со Општина Делчево.

Претставникот на ЦЕА, Габриела Димовска, истакна дека целта на проектот е да се придонесе кон унапредување на граѓанската одговорност во Македонија преку зголемена даночна одговорност. Додаде дека градењето на даночниот морал бара мотивирање и промовирање активно и одговорно граѓанство кое е вклучено и свесно за општествената важност на даноците, а од друга страна, транспарентно и ефикасно трошењето на јавните средства, за да се овозможи и развој и социјална кохезија.

 -Со оваа акција планирано е пилотирање на иновативен пристап од областа на економијата на однесувањето (behavior economics) за носителите на политиките за подобрени јавни услуги и да дадеме позитивни импулси на граѓаните за прашањата за унапредување на даночниот морал и доброволното подмирување на даночните обврски, рече Димовска. 

Со овој форум претставниците на месните заедници ќе имаат можност да ги одредат приоритетите со што се започнува планирањето на Буџетот за 2022 г, рече Тони Стоименовски од ЛЕР на Општина Делчево и додаде дека во насока на транспарентна постапка за креирање на Буџетот, ќе следуваат форуми и со други фокус-групи. 

По одржувањето на средбата, одбраните приоритети во вид на документ ќе бидат доставени до Општината. 

Освен Делчево, во овој проект се вклучени и Општина Пехчево, Општина Гостивар и Општина Крива Паланка

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*