Апел за помош на Војчо Анастасов од делчевското село Град, кој по пожар остана без кров над глава

Војчо Анастасов од делчевското село Град остана без кров над глава, откако синоќа во пожар изгоре неговата куќа. Бидејк испиел за време на пожарот, за да избега од пламените јазици Анастасов морал да скока преку прозорецот. Зад себе изгорена ја остави целата покуќнина, малата заштеда од 10 илјади денари и сите лични документи поради што денес побара помош од хуманите граѓани за повторно да застане на нозе.

-Спиев кога се запали куќата од струјата. Сега немам ништо, ми изгоре се, лична карта, алишта, кревет, телевизор, материјал за куќа, се е изгорено. Во гаснењето помогна селаните, дојдоа и возила од противпожарната единица, имаше три возила и почнаа да гасат, но пожарот бргу се ширеше, рече Анастасов.

Прв напомош на немоќниот жител му притрчал соседот Душко Анастасов, кој потоа му понудил да преспие во нивниот дом.

-Бевме во близина, работевме на една друга куќа, видовме црн чад, а потоа и дека целата куќа гори. Се јавив на мој братучед кој е пожарникар, потоа дојде и пожарното возило и понавме да гасиме. Војчо се што имаше беше внатре во куќата. Немаше ни каде да спие, спиеше кај мене синоќа, рече Анастасов.

Денес заедно Душко и Војчо го посетиле Центарот за социјални работи, од каде добиле ветување дека ќе му се помогне со парични средства кои го следуваат за ваков тип на незгоди.

-Во однос на помошта знаеме дека суви пари никој не дава, затоа апелираме ако може да се исчисти местото, барем една соба да се направи, за да има каде да живее. Има фирми кои работат добро во Делчево, се надевам ќе донираат, а нешто ќе даде општината и дијаспората. Засега има најава од наш човек во странство кој рече дека ќе гледа и таму да соберат некоја пара, вели соседот Душко Анастасов.

Сосетката на Војчо, Нада Анастасова вели дека треба да му се помогне, бидејки да се биде бездомник човек е тешко, а уште потешко е што Војчо нема алишта, нема јадење, а и нема со што да си купи бидејки и пари му изгореле во пожарот.

На исто мислење е и соседот Спаско Спасев кој вели дека Анастасов е невработен и без никаква можност сам да се снајде.

-Сам живее, ова му беше живеалиште, овде имаше кауч, алишта, сега нема ништо. Инаку работлив човек е земјоделец, сточар, чува неколку кози. Еден апел до сите кој со што може да помогне да му се изгради кров над глава, рече Спасев.

Од Центарот за социјални работи потврдија дека по завршувањето на процедурата Анастасов ќе добие парични средства во висина од 30 илјади денари, кои го следуваат за природна непогода, додека најави дека дополнителна помош ќе биде побарана од Министерството за труд и социјални работи.

Во очекување на поддршката од хуманите граѓани, Анастасов вечерва и во наредните денови ќе биде оставена на милоста на самите жители на селото кои првично најавија дека ќе му помогнат да ги преброди тешките денови кои му претстојат. Она што сега му е најпотребно е да се расчисти опожареното место, а потоа да се најде начин да му се изгради просторија која ќе биде негов нов дом.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*