Локалниот младински Совет при Општина Делчево ја одржа конститутивната седница

Локалниот младински Совет при Општина Делчево ја одржа конститутивната седница на која беа избрани претседател и заменик претседател. По изборот на раководните тела како што информираше Милица Стојковска, соработник за млади при Општина Делчево, на конститутивната седница се разговарало и за програмата за работа на Локалниот младински Совет.

-Членовите на младинскиот Совет едногласно одлучија за претседател да биде избрана Родне Деолска, додека за заменик претседател Џастин Мемедов. Во рамки на конститутивната седница беше усвоен и деловникто за работа на ова тело во наредниот период, рече Стојковска.

Новоизбраниот претседател Роден Деолска од работата на Локалниот младински Совет, очекува реализација на многу проекти во интерес на младите.

-Мене ми е многу мило што во овој состав имаме многу млади лица, при што заеднички со нив сите заедно во наредните две години, ќе донесеме многу нови проекти за младите во Делчево. Исто така сакам да ги охрабрам сите млади, дека ние стоиме секогаш на располагање и дека во секој момент можат да дојдат да ни пристапат, да споделат со нас некоја идеја и ние потоа да направиме се што е во наша можност нивните идеи да ги реализираме, рече Деолска.

Додаде дека во последно време јавноста е сведок дека многу се прави за младите и изрази надеж дека сега е одличен момент да продолжи да се работи во таа насока.

-Меѓу првите активности кои ќе ги има Локалниот младински Совет ќе биде учеството во иницијативата „Младите од Делчево, за почисто Делчево“, преку која се организираат неколку еколошки акции во градот, меѓутоа има и повеќе тековни проекти за млади, поради што верувам дека ќе се покаже иницијатива да се вклучиме и во рамки на тие активности, додаде претседателката на Локалниот младински совет.

Пред одржувањето на конститутивната седница мандатите на членовите на Локалниот младински Совет членовите беа верификувани од Советот на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*