Голем интерес за атлетската трка во чест на ,,М.Ј.Џингар”. Пријавете се навреме!

Македонска Каменица организира Меморијална атлетска трка во чест на Миле Јаневски Џингар

Меморијалната атлетска трка е по повод 50 години од раѓањето на Миле Јаневски Џингар, а истатаќе се одржина 24. Јули 2021 година, во Македонска Каменица со почеток во 18:00 часот

Атлетската трка од 10 километри започнува од местото на раѓање на Миле Јаневски Џингар во село Костин Дол (маало Ума) и завршува пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица.

Пријавувањето на учесниците е во тек и ќе биде отворено до 24. Јули 2021 година, до 16:00 часот.

Стартниот пакет за маратонот соддржи:
Маица со лого на трката, Медал на крај од трката, Видео и фотографии од настанот, Освежување и овошје, OnLine диплома, Организирана кратка музичка програма и Подароци од партнерите на маратононот.
За учесниците на трката во природа има организирано бесплатен транспорт до почетокот на трката. Собирно место за учесниците е во 16:00 часот, пред Паркот на борците во Македонска Каменица.

Пријавувањето за Меморијалната атлетска трка во чест на Миле Јаневски Џингар можете да го направите на: olispasevski@gmail.com и brazdagoran@gmail.com
или на 071 588 774; 070 786 000

Напомена: Лекарскиот преглед пред почетокот на трката е задолжителен за секој од учесниците.

„Миле Јаневски е роден во село Костин Дол, Македонска Каменица на 24.07.1971 година. Син на скромното семејство на мајката Душка и таткото Бранко, Миле со својата сопруга и синот единец, го привлече униформата на македонската армија. Како водник во БСН Волци, во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, загинува кај Вејце, Тетовско, на 28 април 2001 година.
Миле Јаневски – Џингар посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија“.

*Трката во природа ќе биде организирана според безбедносните протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.

https://www.facebook.com/1193312000714280/posts/4438041756241272/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*