
Откако пред 10 дена целосно изгоре куќата на Војчо Атанасов од делчевското село Град, иселениците по потекло од ова село Душко и Боце Ангеловски минтата недела експресно организираа акција за расчистување на се што изгоре од куќата, а веднаш потоа започна и изградбата на две простории во рамки на расчистениот простор.
При денешната посета на село Град веќе се забележуваше дека се е подготвено за изградба на ѕидовите од куќата, за чија понатамошна изградба, како што истакнаа браќата Ангеловски веќе е обезбеден материјал за изградба до самиот кров, како и дел санитарија за понатамошната фаза од градежните работи.
Во меѓувреме обезбедени се нови лични документи за Војче Атанасов кој е во очекување и на 30 илјади денари од Центарот за социјални работи. Најавената сметка за донации исто така е отворена и сите оние кои сакаат да донираат тоа можат да го сторат на име Војчо Атанасов со ЕМБГ 0406969492500 со отворена денарска трансакциска сметка УНИБАНКА со број 240167113492014 МКД.
Браќата Душко и Боце Анастасовски се заблагодарија на сите кои досега на било кој начин учествуваа во активностите за помош на нивниот сограѓанин и апелираа кој може да донира на гореневадената сметка со цел работите да се довршат до крај. Воедно од претходно најавија дека акција за помош на Атанасов ќе продолжи и на иселеничката средба која првата недела по Илинден ќе се одржи во село Град.
Видео од моменталнта состојба на домот на Војчо:
Leave a Reply