Одобрена апликацијата за подобрување на условите за учење во деветолетката „Никола Петров Русински” во с.Русиново

Одобрен проектот за санација на ѕидови и плафон во деветолетката „Никола Петров Русински” во беровското село Русиново. За реализација на проектот, а со цел подобрување на условите за учење на учениците, како што информираа од Општината, претходно беше поднесена апликација до Министерството за образование и наука.

-На наше огромно задоволство оваа апликација е прифатена. Проектот ќе се финансира во рамките на повикот за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти, на општински основни и средни училишта под надлежност на општините со средства од буџетот на Министерството за образование и наука, информираа од општината.

Додадоа дека во рамки на проектот предвидени се повеќе градежни активности во училиштето.

-Проектот опфаќа, санација на пукнатини, молирање на ѕидовите, флексибилна облога на таваните, со спуштен плафон, отстранување на мрсна фарба со брусење и глетовање на ѕидовите, набавка и монтажа на лифт и изградба на пристапна патека, додадоа од Општината.

Реализацијата на проектот како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски е потврдува за константната грижа за Берово и населените места во општината. 

-Постојано ги подобруваме условите за живот на граѓаните, а образовните објекти мора да се реконструираат и постојано да се унапредува образовниот процес, рече Пекевски. 

Додаде дека една од главните цели кои ги ветил пред граѓаните е токму санација на дотраените училишни објекти поради што на вакви и слични проекти општината ќе продолжи да работи и во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*