По трет пат настрада пчеларник во село Киселица!

По трет пат настрада пчеларник во делчевското село Киселица. И овој пат сторителот според сите индиции е мечка, која подолг период први штета во атарот на ова делчевско село. Граѓани кои ни ги пратија фотографиите од уништениот пчеларник на делчевецот Мичан Стојчевски, велат дека неговиот пчеларник по трет пат е жртва на пустошењето на мечката за која меѓу населението се почесто се зборува дека прави штета и на други места во Делчевско.

По овој настан надлежните излегле на лице место, при што со преземање на сите мерки извршиле проценка на штетата.

Во продолжение фотографии од третото по ред „опустошување“ на пчеларникот на Стојчевски:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*