Три инфраструктурни проекти во делчевските училишта добија поддршка од МОН

Делчевските деветолетки „Ванчо Прке“ и Св.Климент Охридски“ како и гимназијата „М.М.Брицо“ се трите образовни институции од Делчево кои ќе добијат средства од МОН за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе овозможат подобри и современи услови за одвивање на наставата и престој во училиштето.

Според резултатите од Јавниот повик што ги објави МОН, со пари од Министерството ќе се финансиираат проектите за реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Ванчо Прке“ и во СОУ „М.М.Брицо“, додека во ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се реализира проектот за адаптација на поткровниот простор.

-Министерството за образование и наука ќе финансира 3 инфраструктурни проекти во Делчеви од кои два проекти се за реконструкција на санитарните јазли во училиштата, а еден за реконструкција со пренамена на поткровен простор. Убаво е да се знае деја сите 3 проекти одобрени од МОн, се проекти на архитектонското атеље ГП-АРХИТЕКТИ од Делчево. Благодарност за соработката и поддршката од училиштата, истакна Гоце Попов од ГП Архитекти во својата објава на фејсбук.

Јавниот повик беше објавен со цел да се подобрат условите и квалитетот на образованието, а средствата за оваа намена ќе се обезбедат од буџетот на МОН преку постапка за јавна набавка спроведена од Министерството.

Инаку, вкупно на 36 основни и 13 средни училишта под надлежност на општините и на Град Скопје им се одобрени барањата по Јавниот повик за финансирање проекти за реновирање училишни објекти од Буџетот од Министерството за образование и наука, кое на својата веб-страница ги објави ранг-листите на проектите од прифатените апликации доставени до 15 април 2021.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*