Во Делчево одбележани 31 година од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ

Во Делчево одбележани 31 година од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Со овој настан како што истакна Драган Ковачки, член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ започнува падот на ненародната власт во Македонија.

-Денеска одбележуваме 31 година од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Делчево и сме тука да го одбележиме тој празник со кој започнува падот на оваа ненародна власт. Овие локални избори нема да бидат избори само за локалната власт туку ќе бидат и глас дали народот се согласува со политиките на Зоран Заев и неговата криминална структура. Очекуваме народот масовно да не поддржи и да го даде својот глас и да ја препознае новата програма, а тоа е „Македонија за сите“, рече Ковачки во својата изјава.

На прашањето до каде е изборот за кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој ќе се спротистави на актуелниот градоначалник Горан Трајковски кој деновиве доби доверба од партиското раководство на СДСМ по втор пат да трча во трката за градоначалник, Ковачки рече дека во најскоро време ќе биде познато и името на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.

-Анкетите се во тек, ве увервам дека ќе излезиме со најдобриот кандидат кој може да го победи сегашниот кандидат од Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Во оптек се повеќе имиња, меѓутоа не би калкулирал со имиња, затоа што не сакам да нанесам штета на процесот кој што е во тек, додаде Ковачки.

Во продолжение изјавата на Ковачки, како и обраќањата на Сашко Ивановски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево и пратеникот Миле Левков кои се обратија пред присутните во рамки на трибината по повод 31 роденден на ВМРО ДПМНЕ Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*