Хуманитарна вечер за доизградба на црквата „Св.Димитрија“ во делчевското село Габрово

Во делчевското село Габрово со организирање хуманитарна вечер продолжува собирањето средства за доизградба на храмот „Св.Димитрија“. Претставникот на месната заедница од ова село, Стане Стојановски информираше дека настанот ќе се одржи претстојната сабота во дворното место на подрачното училиште во село Габрово.

-Настанот како и секоја година ќе биде на 31 јули, што годинава се паѓа во сабота вечер. Хуманитарната вечер ќе се одржи во дворот на подрачното училиште со забава за посетителите кои ги повикаме да дојдат и да ни помогнат во дозиградбата на нашата црква, вели Стојановски.

Хуманитарната вечер е традиција која започна на иницијатива на иселеници по потекло од ова село кои како што додава Стојановски се најголеми виновници што црквата постепено се градеше со средствата собрани од хуманитарната вечер и донациите на хуманите граѓани ширум светот.

-Изградбата на црквата „Св.Димитриј“ започна уште во 2005 година со средства од луѓе од селото и најмногу благодарение на донаторите од Швајцарија за што упатувам голема благодарност до нив.  Со изградба на црквата веќе сме во завршна фаза, црквата ни е исцртана, фреските се готови, дворот се уште не завршен, но веќе сме при крај, додаде Стојановски.

Минатата година поради пандемијата хуманитарната вечер  не се одржа, а од црковниот одбор годинава очекуваат мештаните да бидат дел од истата, со што ќе придонесат да се соберат потребните средства за доградба на селската црква. 

Видео најава за настанот во продолжение:

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/973100800113717/?tn=%2CO-R

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*