
За прв пат жителите на една од најдолгите улици во село Вирче, добија асфалт. Со асфалтирањето на улицата која има два крака и е во должина од 260 метри, како што информираа од Општината се реши голем инфраструктурен проблем во селото.
-Изградбата на оваа улица е децениско барање на жителите, бидејќи на овие улици се наоѓаат повеќе семејни куќи и други објекти, а жителите досега немаа соодветен пристап до нив, истакнаа од Општина Делчево.
Изградбата на овој инфраструктурен проект како што додадоа е дел од пакетот инфраструктурни проекти вреден 9 милиони денари, средства одвоени од општинскиот Буџет.
-Како дел од реализацијатана проектот обезбедени се и дополнителни средства од други фондови, се со цел да се опфати изградба на улици во градот и во селата во должина од над 2,5 км, додадоа од Општината.
По завршувањето на работите во с. Вирче економскиот оператор ОСД „Кирил“, како што дополнија ќе продолжи со асфалтирање и на новоизградената улица во с. Стамер.
Leave a Reply