Во М.Каменица одржана инфо средба за промоција на канцеларија за бесплатна правна помош

Пристап до правда и фер и судска заштита достапна за сите маргинализирани групи и заедници со акцент на жените-жртви на семејно насилство, родово базирано насилство и самохрани мајки е целта на проектот кој се реализира во четири општини, Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.

Од 01.07.2021 НВО КХАМ од Делчево е регистрирано здружение во Министерството за правда за давање на бесплатна примарана правна помош. Имаме ангажирана адвокатка која работи со клиентите. За таа цел во М.Каменица се одржа инфо средба за промоција на канцеларија за бесплатна правна помош.

-Со оваа услуга нудиме и бесплатна психосоцијална помош за нашите клиенти бидејќи спихосоцијалната состојба може да биде или причина или последица за постоење на еден правен проблем. Преку промовирање на услуга за правно и психо-социјално поддршка сакаме да  го зголемиме пристапот на ранливите граѓани до правна и психо-социјална поддршка согласно Законот за бесплатна правна помош, истакна Анита Цоневска од НВО ,,КХАМ”.

Ако се земе во предвид фактот дека со буџетот на Министерство за правда за 2020 година, одобрени средства/буџет за бесплатна правна помош за 2020 година изнесува 5.000.000,00 денари, а реализираниот годишен буџет за бесплатна правна помош во 2020 година изнесува 1.601.176,00 денари.[1], или само 32 %, како што додаде Цонрвска може да се каже дека токму неинформираноста на граѓаните за овој механизам е причина средствата да бидат неискористени.

-Во таа насока  се и овие  информативни состаноци. Денес сме во Македонска Каменица, а утре во Пехчево. Следната недела во Берово е последниот инфо состанок. На информативните состаноци имаме присутни  и претставници на институциите на локално ниво, НВОи и граѓани, додаде Цоневска.

Преку проектот како што дополни НВО ,,КХаМ,, сака да допреме посебно до жените, оние на кои им е потребна не само правна туку и психосоцијална помош.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*