Актуелниот градоначалник на Берово влегува во трка за втор мандат на престојните локални избори

Актуелниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, влегува во трка за втор мандат на престојните локални избори, кои ќе се одржат во октомври годинава. Вака е одлучено на вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, каде освен кандидатурата на Пекевски, дефинирани се уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ. По оваа одлука во својата објава на фејсбук, Пекевски изрази голема благодарност до Извршниот одбор и претседателот на партијата СДСМ, Зоран Заев за укажаната огромна чест за номинацијата со која по втор пат ќе има шанса да се натпреварува во битката за градоначалник.

-Изразувам голема благодарност до Извршниот одбор и претседателот на СДСМ Зоран Заев за укажаната огромна чест уште еднаш со Втор мандат да ја водам Општината на најубавиот град, Берово. Го градевме и ќе продолжиме да го градиме и унапредуваме Берово и сите негови населени места така што ќе го подобриме квалитетот на животот на секој граѓанин на Општина Берово. Во вториот мандат ќе влеземе со уште посилно темпо на работа, на градба, на унапредување. Со уште поамбициозна програма со проекти кои ќе ги реализираме секогаш во утврдениот рок и план. Продолжуваме за Берово транспарентно, отчетно и неуморно. Изразувам огромна благодарност до секој граѓанин на Општина Берово кои со своето изразено мислење ја препознаа желбата и посветеноста со која работевме во првиот мандат и ќе работиме и во вториот мандат.Огромна благодарност и до целиот тим на Општина Берово и сите соработници кои својот професионализам секојдневно го ставаат во служба на граѓаните за кои постоиме и на кои им служиме со чест. СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја Општина, ја има најдобрата понуда и за Општина Берово. Берово е најубавиот град кој ги има најдобрите граѓани, истакна Пекевски во објавата на официјалниот фејсбук профил.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*