Се е подготвено за Владимирски Илинденски средби!

Жителите на беровското село Владимирово се подготвени за деветите по ред Владимирски Илинденски средби. Настанот секоја година се одржува под мотото „За Илинден каде и да си, во Владимирово да си“, а целта како што информираше Бранко Ужевски, претседател на истоименото здружение, е иселениците  на сретсело со заедничка веселба да се потсетат на некогашните времиња.

-Владимирските Илинденски средби започнуваат од денес и ќе траат до 2 август „Илинден“ со настап на повече македонски музички ѕвезди, турнир во мал фудбал, служење на Илинденски ручек и многу други содржини. Упатуваме отворена покана во наредните 4 дена, сите да го посетат Владимирово, рече Ужевски. 

Како дел од настанот, како што додаде Ужевски,  во знак на оддавање почит на учесниците во познатата Готенска битка, секоја година се реализира и таканареченото „Готенско муарабе“.

-Како и секоја година, вториот ден во рамки на настанот се организираме и реализираме посета на планината Готен, за да ја одбележиме битката која се случила во Илинденскиот период. Готенско муарабе ќе започне во 9 часот, а ќе заврши со свечен ручек, додаде Ужевски.

Она што останува како најголема болка за помладите и постарите жители е иселувањето, а единствен настан на кој сите меѓусебно можат да се извидат се токму Владимирските Илинденски средби.

-Како најголем хендикеп за селото е тоа што повеќето образовани луѓе се иселени најмногу во Скопје како и западно европските земји, вели постар жител на селото.

-Владимирово е село како и сите други села е зафатено со миграцијата. Оваа година нешто што малку ни дава еден вид сатсисфакција е што подолго време имаме повеќе првачиња, кои од септември ќе тргнат на училиште, додаде претседателот на здружението Бранко Ужевски.

За популарноста на настанот говори и фактот што Владимирово има сопствена музичка химна во изведба на познатите уметници Ленче и Горан Кукиќ, чија главна порака гласи „Ладимерци дека и да сте, на Илинден дома да сте“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*