Во делчевското село Стамер се подобрува патната инфраструктура во близина на подрачното училиште

Во делчевското село Стамер се подобрува патната инфраструктура во близина на подрачното училиште „Св.Климент Охридски“. Новоизградената улица како што информираа од Општината е во должина од 100 метри и нејзината изградба како што додадоа е од огромно значење за поврзување со другиот дел од селото.

-Заврши асфалтирањето на улица во с. Стамер која го поврзува ПУ „Св.Климент Охридски“ со другиот дел од селото. Станува збор за изградба на нова улица во должина од 100 метри со што инфраструктурно се решава приодот до училиштето, истакнаа од Општината.

Инфраструктурниот проект како што додадоа се реализира на барање на самите жители од селото.

-Исто како и во останатите рурални средини и во ова населено место жителите со право долго време алармираа за состојбата со селската земјена улица. Претходно слична активност реализиравме и во неколку други делчевски села, а во таа насока ќе продолжиме и во наредниот период, додадоа од Општината.

Изградбата на улицата во село Стамер  е дел од пакетот за изградба на општински улици вреден 9 милиони денари кој ќе опфати изградба на улици во градот и во селата во должина од над 2,5 километри.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*