Чествување на Илинден во Делчево

Делчево денеска го чествуваше споменот и оставнината на храбрите илинденци од 1903 и 1944. Со пригодна свеченост, одбележаa двата Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.Одбележувањето се одвиваше пред спомен- обележјата во градот кои го чуваат споменот на револуционерната борба од Илинденскиот период, како и од НОВ.

Пред споменикот на великанот Гоце Делчев, преку рефератот подготвен од играорците од КУД „Гоце Делчев“ од Делчево беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци.

Чествувањето продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ, пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“.

Во рамките на одбележувањето, пред двете спомен-обележја во градот, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*