Евакуираните од пожарот во делчевско-пехчевскиот регион во стабилна состојба

Евакуираните лица од пожарот кој вчера напладне го зафати маалото Пасјак во делчевско-пехчевскиот регион, се во стабилна состојба. Директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска информираше дека се работи за возрасни лица од кои дел неподвижни кои во моментот се наоѓаат кај своите семејства во Делчево.

-Значи се работи за неподвижни лица, кои што се чуваа во домашни услови, побараа Итна помош, а нашите екипи кои се секогаш спремни веднаш интервенираа. Се работи за 5 лица кои беа донесени во Брзата помош во нашата амбуланта, потоа беа пронајдени нивните семејства. Тоа се воглавно возрасни луѓе кои живеат сами или со друг возрасен човек. Беа донесени во нашата установа, седеа неколку часови, додека ги пронајдовме семејствата, ги разнесовме по нивните домови така да тие лица беа спасени на време, истакна Глигоровска.

Додава дека екипи на Итната помош од Делчево и понатаму се на готовс да помогнат и во пожарот кај Пасјак, но и при пожарот во Кочани, за што се формирани екипи од лекарски тимови од Делчево и М.Каменица.

-Синоќа беа формирани екипи од Делчево и М.Каменица за укажување помош во пожарите во Кочани. Во координација со Министерството спремни сме во случај и денес да има потреба кај нас или повторно во Кочани, зошто знаете дека М.Каменица е блиску до Кочани и ако има потреба во секое време ќе пуштиме екипи за испомош, додаде директорката на делчевскиот здравствен дом. 

Освен помошта за неподвижните од Пасјак, поединци и локални фирми од Делчево синоќа и утрово се организираа и доставија пратки со вода за пиење за сите кои учествува во акцијата за гаснење на пожарот кај Пасјак, во делчевско пехчевскиот регион чие гаснење се уште трае.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*