Се расчистува теренот за изградба на нов дом на Ѕвонко од Нов Истевник!

Со акција на локалната самоуправа и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски веќе се расчистува и теренот, започнуваат подготовки за изградба на нов дом.

Денеска, во попладневните часови организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, го посети Ѕвонко и неговиот имот кој беше зафатен од пожарот, како и повеќе други семејства од Истевник и други населени места од околината на Делчево кои претрпеа штети од пожарите.

Сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија со пламените јазици се потресни, но државата, локалната власт, сите заедно сме тука за граѓаните и штетата ќе биде надоместена.

Солидарното македонско општество, сите заедно, ќе ја надоместиме штета и во Нов Истевник и насекаде во државата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*