Градоначалниците на Делчево, Берово и Пехчево на заедничка служба за здравје со пожарникарите од Бугарија

Градоначалниците на Делчево, Берово и Пехчево заедно со претставници на општината присуствуваа на црковната богослужба во храмот ,,Св. Горги Победоносец” во село Габрово, Благоевград, која Неврокопскиот митрополит Серафим ја одржа за здравје на сите пожарникари кои учествуваа во огнената стихија која го зафати Пијанечко-малешевскиот регион. 

Како што информираа од Општина Делчево, на настанот на кој присуствувал службениот премиер Стефан Јанев и управителот на Благоевградската област, Николај Шушков, службениот премиер Јанев ги поздравил пожарникарите, додека градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски во име на тројцата градоначалници се заблагодарил за огромната помош, без која пожарите немаше да бидат изгаснати.

-Изразувам посебна благодарност до пожарникарите од Бугарија кои навистина несебично се вклучија ризикувајќи ги сопствените животи во гаснењето на овие пожари, истакнал Трајковски.

За бугарските пожарникари најважно било што не е допуштено за време на пожарите да настрадаат луѓе и куќи, а за време на целиот престој во Македонија од големо значење им била огромната поддршка од населението од Пијанечко-Малешевскиот регион кои биле воодушевени од нивните дејствија.

Пожарникарите од Бугарија за време на гаднењето на пожарите во делчевско-пехчевско-беровскиот регион беа составени од екипаж од 25 пожарникари кои ротираа, а најголем дел од нив беа распоредени за гаснење на пожарите во Делчевскиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*