Димитровска: Огромна мотивацијата во тимот во пресрет на натпреварот со Јувентус во Лигата на шампиони

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија ЖФК ,,Каменица Саса” се наоѓа во Торино каде го одработува последниот тренинг пред утрешниот натпревар во Лигата на шампиони против домашната екипа на Јувентус.

Голгетерот Ана Димитровска која минатата година го постигна првиот гол за каменичанки во најелитното Европско натпреварување, директно од терен ни ги пренесе првичните впечатоци од престојот во Италија.

-Атмосферата е одлична, мотивацијата огромна. Горда сум што дојдовме до шанса да играме со таков противник. Подготвени сме, секој ден тренираме (некогаш имаме и по два тренинга), а денешниот беше завршен тренинг пред натпреварот со Јувентус. Ќе дадеме се од себе и очекуваме добар резултат, рече Димитровска.

Во завсиност од резултатите, по овој натпревар кој се игра утре со почеток во 15:00 часот, каменичанки за три дена ќе одиграат уште еден натпревар во кој противници се екипите на австриски Ст.Полтен или турски Бешикташ.

На шампионките им посакуваме одличен натпревар, додека на Димитровска нови погодоци за радост на целокупната македонска јавност која со нетпрение го очекува настапот на ЖФК ,,Каменица Саса”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*