Беровскиот Етно плоштад фестивал и годинава откажан!

Во Берово откажано одржувањето на Етно плоштад фестивалот. И оваа година како и минатата како што информираа од Општината која е организатор на настанот, фестивалот се откажува во интерес на запазување на јавното здравје.

-И оваа  година,  Етно плоштад фестивалот во чии рамки години наназад се одржуваше саемот ,,Малешевијата на дланка” и фестивалот на детски песни ,,Малешевско ѕвонче”, нема да се одржи. И покрај тоа што  сите очекувавме дека пандемијата од Ковид 19 ќе се стави под контрола и  ќе продолжиме со  сите предвидени активности од областа на културата, за жал тоа не се случи и повторно имаме зголемен број на активни случаи и во општина Берово, истакнаа организаторите.

Изразија надеж дека успешно ќе се справат со пандемијата, со што во наредните години фестивалот повторно ќе биде еден од најпрепознатливите музички настани во Малешевијата.

-Искрено очекуваме дека самосвеста ќе проработи и нема да дозволиме бројот на заболени во Берово, секојдневно да расте, додадоа од Општината.

Заклучно со денешниот ден во Берово има 42 активни случаи со Ковид-19 од кои 15 нови случаи има за само едно деноноќие што е еден од клучните фактори организаторите да го одложат одржувањето на Етно плоштад фестивал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*