Во Берово отворен јавен повик за пријавување штета од пожарите

Ј А В Е Н    П О В И К

за пријавување на штета од пожар

Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети  предизвикани од пожарот  која ја зафати територијата на Општината во деновите: 6-11.08 2021 година да ја пријават штетата на своите култури и добра  до Комисијата за проценка на штети на општина Берово.

Пријавувањето на штета од пожарот – пополнето со бараните податоци  и документи се доставува до архивата на општина Берово  или може да се преземе на од веб страната на berovo.gov.mk .

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • копија од трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копија од имотен лист; копија од договор за закуп ).
  • ПРИЈАВА ( на архива или од веб страна)
  • ИЗЈАВА за штети( на архива или од веб страна)

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 03.09.2021 година.

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 471 057 или 071 302 664.

Комисија за процена на штети од

елементарни непогоди

на Општина Берово

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*