Новата ОИК во Делчево подготвена за избори. Трката за градоначалничката фотеља меѓу Трајковски и Стојменовски се поизвесна?!

Општинската изборна комисија во Делчево доби нови членови. Во рамки на подготовките за локалните избори како што информираше досегашниот претседател на Општинската изборна комисија Владимир Петровски, предадени се сите досегашни изборни материјали на новото раководство, се се со цел успешни подготвки за локалните избори кои се закажани за месец октомври.

-Официјалното примопредавање на фунцкијата веќе е завршено. Предаден е изборниот печат за нормално функционирање на новоизбраната Општинска изборна комисија во Делчево. Предадени се и 36-мали печати поврзани со минатите циклуси на изборите. Исто така се предадени и сите деловодни книги во кои се содржани и сите барања и деловодна документација поврзана со изборниот процес. На новата Општинска изборна комисија им посакувам успешна работа и стојам на располагање за било каква помош во нивните понатамошни активности, рече Петровски.

Заблагодарувајки се за соработката на досегашниот претседател, новиот претседател на делчевската Општинска изборна комисија Борче Иванов очекува во иднина работата на комисијата да биде издигната на уште повисоко ниво се со фел успешно спроведување на претстојните локални избори.

-Очекувам плодна соработка со идните нови членови на комисијата и убеден сун дека работата на Општинската изборна комисија ќе ја подигнеме на уште повисоко ниво, какк што се очекува од нас и ќе ги спроведуваме напатствијата од Државната изборна комисија и очекувам се да помине во најдобар ред, рече Иванов.

Во пресрет на локалните избори во Делчево досега од кандидатите кои влегуваат во трката за градоначалник на Делчево единствено е познато името на кандидатот од редовите на СДСМ, Горан Трајковски кој е актуелен градоначалник и во октомври по втор пат ќе ја бара довербата од граѓаните за втор мандат.

Од редовите на ВМРО ДПМНЕ иако се уште официјално не е потврдено од партијата, партиски извори велат дека во трката за градоначалник на Општина Делчево, на Трајковски ќе му се спротистави д-р Николчо Стојменовски, дипломиран доктор по ветеринарна медицина од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*