Во Делчево мини саем на кариера како дел од иницијативата „Младите дома“

Во Делчево отворен мини саем на кариера како дел од иницијативата „Младите дома“. Во рамки на денешната активност како што информираше имплементаторот Катерина Антовска, младите од Делчево можеа да се запознаат со кариерните струки за нивно надоградување со кои располага бизнис секторот.

-Поради ковид мерките и новите рестрикциите бевме оневозможени да направиме голем саем на кариера на кој беше предвидено бизнис секторот преку свој штанд да си го претстави својот бизнис. Поради тоа денес поставивме два штанда во центарот на градот каде истот така во соработка со бизнис секторот споделивме материјали за нивниот бизнис. Целта е младите да имаат во предвид какви бизнис струки нуди градот. Од друга страна имаме пропаганден материјал како флаери во кој се презентирани истражувањата во однос на прашањето, кои се причините поради кои младите сакаат да си одат од Делчево, односно кои се причините по завршувањето на образованието да се вратат и повторно да бидат дел од една успешна приказна во Делчево, информираше Антовска.

Самиот факт што едвај 5 проценти од младите по завршувањето на образованието сакаат да се вратат во Делчево, според Антовска говори дека се работи за поразителна бројка за што во најскоро време треба да се преземат мерки за нејзино намалување.

-Токму поради ова сакаме да ја кренеме свеста кај локалните и централните власти, а тоа е дека останатите 95 проценти сакаат да си заминат или во поголемите градови или што е уште пожално сакаат да ја напуштат државата. Тоа е еден аларм за кој сите мора да бидеме свесни и младите и бизнис секторот и општината заради што заеднички треба да направиме нешто, за да ја спречиме таквата ситуација, додаде Антовска.

Во рамки на иницијативата „Младите дома“ предвидено е изработка на документ како предлог проект за организирање Саем за кариера кој во иднина како концепт ќе се спроведе во Општина Делчево.

-Се надеваме дека идните локални власти ќе имаат слух да го спроведат таквиот концепт во нашата Општина, со што Делчево ќе добие традиционален Саем на кариера, кој на каков-таков начин преку вмрежување на младите со бизнис секторот ќе успее барем дел од нив да ги задржи дома, додаде Антовска.

Имплементаторот на проектот „Младите дома“ изрази надеж дека во иднина преку дообразување и посетување поголем број на обуки, младите од Делчево ќе добијат можност за нивно унапредување од страна на бизнис секторот како дел од нивните успешни бизнис приказни. Како една од можните мерки Антовска го посочи стипендирањето на младите кои по завршувањето на своето образование би се вратиле во Делчево и би имале загарантирано работно место во приватниот сектор.

Видео прилог на facebook и YouTube: https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/1190356244777144

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*