Во Делчево започна кошаркарскиот камп „Клубски Патриот“ 2021

Во Делчево започна кошаркарскиот камп „Клубски Патриот“ 2021. Кампот се реализира под водство на доцент доктор Бранко Крстевски, тренер кој своето 40 годишно искуство вo повеќе клубови во Македонија и екс Југославија, 10 години им го пренесува на учесниците на кампот во Делчево кој годинава поради коронавирусот е со намален број на учесници.

-Веќе 10 година како доаѓам на овој камп кој е заедничка идеја со тренерот Љупчо. Во моментот работиме на вежби за подобрување на брзина, брзина на реакција, екплозивност, подвижност, координација како и подобрување на силовите способности на рачно-раменската, ножната, стомачната и грбната мускулатура. Прездоволен сум од она што го прикажаа девојчињата и жал ми е што поради короната има помал број учесници, но се надевам дека догодина повторно ќе учествувам со поголема група на дечиња, рече Крстевски.

Младата Ана Костадиновска тренира 3 години во клубот и за неа ваквиот начин на досусовршување на знаењата преку искуството пренесено од тренерот Крстевски е мошне значаен за нејзиниот понатамошен развој во кошарката, а слично е мислењето и на останатите кошаркарки.

Тренерот на „Клубски Патриот“ Љупчо Петровски истакна дека самиот факт што кампот се одржува 26 година по ред и на истиот учествува реномирано тренерско име како Бранко Крстевски е доказ кошарката во Делчево е спорт кој живее.

-Професорот Крстевски е еден од основачите на кампот и е специјалист за физичка подготовка, квалитетен стручњак од кој се надевам дека девојките ќе научат многу. Годинава решивме кампот да го реализираме со најголемата група, поточно со оние кошаркарки пред кои претстои кадетско првенство во Прва Б лига, што е основа за почетокот на сезоната, рече Петровски.

Тренерот на делчевки додаде дека годинава екипата ќе се натпреварува во повеќе категории во рамки на натпреварувањата кои ги организира Кошаркарската федерација.

-Пријавивме учество во У-12 во женска конкуренција во женска и машка конкуренција за дечиња родени 2010 и 2011 година. Во У-14 за девојчиња исто така имаме екипа, додека најдобро стоиме во У-16 каде лани бевме први. Во оваа конкуренција имаме талентирана генерација и се надевам дека и годинава ќе конкурираме за првите 2 места, кои водат во бараж за Прва лига, додаде Петровски.

Кампот завршува на 25 август, по што екипата од Делчево ќе одигра неколку контролни натпревари пред стартот на сезоната во Првата Б лига на Македонија.

Видео прилогот на следниот линк: https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/1729278733939464

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*