Поднесена првата независна кандидатура за градоначалник на М.Каменица

Во општините од Пијанечкиот регион, Делчево и М.Каменица, поднесена првата независна кандидатура за градоначалничките избори ќе се одржат во месец октомври. Каменичанецот Миран Митревски е првиот од неколкуте независни кандидати од М.Каменица кој до Државната изборна комисија во Делчево ги поднесе потребните документи со што и официјално го најави своето учество на претстојните локални избори. 
-Мојата кандидатура е со советничка листа која содржи 11 советници. Според стариот закон потребно е да собереме најмалку 100 потписи за да бидеме учесници на изборите. Сите кои сакаат да ни ја дадат својата поддршка за мене како кандидат и мојата советничка листа, тоа можат да го сторат во канцеларијата на Државната изборна комисија во Делчево, рече Митревски.

Митревски во трката за градоначалник на М.Каменица влегува како претседател на Еколошкото друштво „Здравец 2002“. Од изборите очекува добар резултат и добар натпревар со останатите кандидати и доколку ја добие довербата од граѓаните вети дека со нови идеи и проекти во голема мера ќе придонесе за подобар развој на М.Каменица.

-Ние ќе предложиме своја програма која е готова. Имаме проекти од областа на инфрасдтруктурата, социјалата и туризмот кој ни е главен фактор во изборната кампања, додаде Митревски.

Во М.Каменица, покрај кандидатурата на Митревски, засега се најавени независни кандидатури на уште тројца кандидати кои ќе се натпреваруваат во трката за татко на градот. Освен независните во М.Каменица во трката за градоначалник влегува и Димче Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ, додека се уште се очекува името на кандидатот од редовите на СДСМ кој ќе ја бара довербата на граѓаните на претстојните локални избори, а меѓу нив и името на актуелниот градоначалник на М.Каменица, Соња Стаменкова. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*