Берово им оддаде почит на борците кои го ослободија градот

На пригодна свеченост денес во Берово се одбележуваат 78 години од ослободувањето на градот. Настанот започна пред Спомен плочата на паднатите борци од НОВ од Малешевијата, каде меѓу останатите присутни свежо цвеќе положи и Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Во рамки на свечената седница организирана од Општината Берово, министерката Шахпаска рече дека секое време има свои херои и свои предизвици, додавајки дека Денот на ослободувањето Берово го слави во година во која државата е соочена со два вонредно тешки предизвици. 

-Прво справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид 19, една нова светска здравствено-економска криза која сите земји имаат тешкотии добро да ја изменаџираат. Пандемијата сè уште не е завршена и оттука упатувам и апел за важноста од вакцинација како единствена алатка која може да помогне побезбедно да ја премостиме оваа криза. За нас како малешевци постои уште еден предизвик, за жал непредвиден, тоа се сериозните пожари кои оштетија голем дел од Малешевијата.

Шахпаска посочи дека локолната самоуправа и подружницата на македонски шуми треба што поскоро да почне со пошумување. 

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски честитајки им го празникот на беровчани потсети дека од основањето на градот до ден денеска жителите на Берово секогаш ја покажуваат својата одлучност да се живее слободно и независно. 

-Заветот што ни го оставија нашите херои сами да одлучуваме за нашата иднина, за иднината на Берово, за нашата  независност, за подобро утре, никогаш не престанува и нема да престане, рече Пекевски.

Во рамки на настанот беа доделни благодарници и признанија како и плакети за поединци, фирми и организации кои во изминатата година дадоа посебен придонес за развојот на градот.

Видео линк од положувањето на свежо цвеќе пред Спомен плочата на паднатите борци од НОВ: https://www.facebook.com/istok365/videos/281506376641772

Видео линк од Свечената седница: https://www.facebook.com/istok365/videos/890290754921706

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*