Делчевската библиотека втора година по ред ги наградува читателите со најмногу прочитани книги во летото

Јавната локална библиотека „Илинден“ ги додели наградите за читатели на летото. Активноста како што информираше директорката се реализира втора година по ред, со тоа што библиотеката ги награди читателите со најмногу прочитани книги во текот на летниот период.

-По втор пат како установа избираме читател на летото. Морам да кажам дека и оваа лето библиотеката беше посетена, од нашите редовни читатели, но оваа лето имаме и доста нови членови. И ова лето избравме тројца читатели на летото на различна возраст. Од најмалите тоа се Јосиф и Лина Манови, од учениците тоа е Ангела Петровска, додека од повозрасните наши членови наградена е Сухеља Мингарова од делчевското село Град. Честитки до сите нив и посакуваме и потамату да бидат наши редовни читатели, рече Петровска.

За најмалите оваа награда ќе значи поттик и понатаму да го надоградуваат своето знаење, додека за Сухеља Мингарова предизвик поттик уште повеќе да се дружи со книгата.

-Читам редовно 30 години, редвоно, не бирам жанрови. Последна книга која ја имам прочитано е Цвеќињата во Париз. Оваа награда за мене значи многу заради што ќе продолжам и понатаму да другарувам со книгата, рече Мингарова.

Ова лето од библиотеката посочија дека најбарани се изданијата од Лусинда Рајли, Тес Геритсен, и Лиса Клејпас како и насловите ,„Шефот од соништата“, „Ѕвончиња во снегот“, „Чиракот“,„Јужњакот со сини очи“. Од детската литература побарувачка има за сите лектири од кои најбарани летово се:„Бегалка“, „Том Соер“,„Доктор Офболи“, а средношколците најмногу го читаат Достоевски. 

Видео прилог на фејсбук на следниот линк: https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/826488038007631

Видео прилог на YouTube од доделувањето на наградите на линкот подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*