Проширени капацитетите во градинката „23 Август“ во Берово

Министерството за труд и социјална политика до крајот на годината ќе пушти во употреба 10 нови градинки за подобар воспитно-згрижувачки процес за најмалите во повеќе пштини во државата. Министерката Јагода Шахпаска која денес во Берово изврши увид во финалните градежни работи на новите 4 простории во градинката „23 Август“ информираше дека претходно се изградени или реконструирани 15 градинки со што бројката до крајот на годината ќе изнесува 25 градинки и упати апел општинските власти да аплицираат за ваквите проекти и во 2022 година. 

-Денес ми претставува задоволство и чест што на патронот на градинката во Берово имав можност да извршам увид во финалната фаза од градежните активности за изградба на 4 нови простории. Со изградбата на нови простории кои ќе го зголемат капацитето за 60 нови места, на некој начин ќе го намалиме притисокот од родителите за присуство на дечињата во градинката во Берово. Во две простории ќе бидат сместени деца до 2 годишна возраст, а останатите се простории во кои ќе бидат сместени деца од малата група, рече Шахпаска.

Активностите за изградба на 4 нови занимални, како што додаде се реализира со блок дотации од Министерството со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку проект од УНДП.

Шахпаска апелираше до сите вработени во градинките да продолжат да ја демонстртираат општествената одговорност и да се вакцинираат, со што ќе придонесат за колективното здравје преку подобрување на личниот имунитет што според неа е предуслов за победа на пандемијата.

Во моментот како што додаде директорката Невенка Таковска капацитето во градинката е 228 дечиња.

-Со добивањето на нови простории капацитето ќе се прошири, ќе се олесни работатат на родителите кои ќе има каде да ги сместат своите дечиња. Воедно вработените ќе имаат повеќе просторни можности за завршување на своите задачи, додаде Таковска.

Во соработка со министерството како што додаде директорката се бара начин за оспособување простории за детска градинка во село Двориште, кое е село со најголем број на дечиња поради што е потребна установа од таков тип во селото

Линк до видео прилогот: https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/266305381988163

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*