Во Делчево и М.Каменица започнаа обуките за реонски инструктори

Во Делчево и М.Каменица започнаа обуките за реонски инструктори кои ќе учествуваат во спроведување на пописната операција закажана за месец септември. Државниот инструктор Мартин Никовски кој е задолжен за обуките кои во наредните денови ќе се спроведат во овие две општини ги повика заинтересираните граѓани кои ги исполнуваат критериумите, да се пријават на огласот за попишувачи и да ги исполнат преостанатите слободни места.

-За Делчево и М.Каменица генерално бројката на попишувачи е пополнета. Остануваат уште сосем мал број слободни места по однос на огласот кој завршува на 25 август. Поради тоа ги повикуваме полнолетните невработени лица да се пријават и да земат учество во статистичката операција, истакна Никовски. 

Обуките како што додаде државниот инстуктор ќе траат неколку дена, по што активностите продолжуваат на терен.

-После завршување на обуките имаме проверка на терен, обиколка и започнување на самиот попис. На сите одбрани кандидати им посакуваме успешно негово спроведување, додаде Никовски.

Во Делчево и М.Каменица според последниот попис во 2002 година регистирани се 16.697 жители од кои 11.550 жители се со место на живеење во Делчево. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*