Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините Берово и Пехчево започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел.

Целта на кампањата е да се информира и запознае јавноста за тоа што претставува „заштитено подрачје“, како може да се зачуваат природните вредности и воедно да се обезбедат економски придобивки од заштитените подрачја. Јавната расправа што ќе се организира ќе овозможи и активно вклучување на јавноста во процесот на прогласување на Малешево за заштитен предел. Кампањата ќе трае во следните 10 дена, а ќе опфати промоција на видеа, илустрации и други промотивни содржини.

Регионот Малешево, што ги опфаќа општините Берово и Пехчево, претставува целина која се истакнува со своето природно и културно богатство, каде што управувањето со шумите е долгогодишна традиција.

Малешевијата е област во која природата истурила едно чудо убавини, природни богатства од кои застанува здивот. Борови, дабови и букови шуми, чисти реки, разновидност од цвеќиња и лековити чаеви, мноубројни животински видови, традиции, храна.

Малешево навистина ги исполни сите услови за да стане заштитено подрачје!

Кампањата е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Кампањата е поддржана и од општините Берово и Пехчево.

Повеќе детали за кампањата погледнете во соопштението објавено на нашата веб страница: https://cutt.ly/4Q56sLq

Слоган на Кампањата: Да го зачуваме Малешево за идните генерации!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*