
Преку набавка на нови електронски табли, телевизори, принтери и други нагледни средства, деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски” од Брерово успешно се подготвува за стартот на новата учебна година. Набавката како што информираа од деветолетката е предвидена согласно новата наставна програма за учебната 2021/22 година.
-За сите ученици од четврто одделение, набавени се таблети, на кои ќе бидат инсталирани дигиталните учебници, со што се води грижа, сите ученици да бидат еднакви и целосно подготвени, да ја започнат учебната година, истакнаа од училиштето.
Меѓу другото како што додадоа целта е трошоците на родителите да бидат намалени.
-Со реализација на оваа активност може да кажеме дека ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово во целост е подготвено да ја започне новата учебна година. Според протоколите и согласно новите наставни програми, кои се предвидени за учебната 2021/2022, посебно на радува фактот што учениците повторно ќе се вратат во училишните клупи, додадоа од деветолетката во Берово.
За подготовките за почетокот на новата учебна година, вклучувајки ја и набавката на нагледните средства од буџетот на училиштето издвоени се околу 3 милиони денари.

Leave a Reply