Во Делчево пред истекот на рокот поднесени 120 пријави за штети од пожарите

 Во Делчево во тек пријавувањето на штети од неодамнешните пожари кои ја зафатија територијата на Општина Делчево. Заклучно со денеска како што информираа од Општината од страна на жители од повеќе делчевски села поднесени се 120 пријави за настаната штета од пожарите.

-Штети досега имаат пријавено жители од атарите на селата Стар Истевник, Нов Истевник, Вирче, Тработивиште и Разловци. Досега се поднесени 120 пријави за настаната штета од пожарите, а граѓаните пријавуваат штети на куќи, викендици, помошни објекти, високостеблеста борова и дабова шума, пасишта, овошни насади, угинати домашни животни и птици, опожарена земјоделска механизација и други земјоделски производи, информираа од Општина Делчево.

Рокот за пријавување штети како што додадоа истекува заклучно со утрешниот ден заради што упатија апел до оштетените кои не поднеле пријава тоа да го сторат што поскоро.

-По истекот на овој рок, комисијата за процена на штети од понеделник, 30.08.21 година на терен ќе врши стручна процена на настанатите штети, додадоа од Општината.

Комисијата е составена од пет постојани членови и по еден овластен проценител за секоја област посебно кои како што дополнија од Општината по завршувањето на проценката ќе излезат со точна бројка за настанатата штета на територијата на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*