,,Гледај книга, цртај корица” – заедничка активност на ЈЛБ ,,Илинден” и НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”

Јавната локална библиотека „Илинден“ и Националната установа Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“ и студиото и атеље „Љубомир Белогаски“ заеднички, а во соработка со двете основни училишта во градот денеска ја реализираа активноста „Гледај книга-цртај корица“.

Целта ни е од постоечките лектири кои се обработуваат во училиштата да се создаде нова корица, онаква каква што ја замислува ученикот – уметник. Сите цртежи ќе бидат наградени, од утре ќе бидат изложени во ходникот на библиотеката, и ќе бидат пред очите на делчевската јавност, рече директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Упати огромна благодарност до двете основни училишта за добрата соработка и до талентираните и креативни млади уметници.

-Благодарност до сите кои се дел од оваа активност кои ја прифатија поканата денес да цртаа и творат, а тоа се Нела Јовановска, Искра Георгиевска, Катерина Трајковска, Ива Цонева, Марија Златковска, Лео Стојменовски, Антонела Николовска, Лора Пецова, Марко Ивановски на кои им благодарам од срце, додаде Петровска.

Активноста ЈЛБ „Илинден“ за прв пат ја реализира со студиото и атеље „Љ.Белогаски“ и стручниот соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн, Александар Белогаски.

-Започнуваме денес, но не застануваме тука, искрено се надеваме дека и во иднина ќе реализираме многу активности и проекти, додаде Белогаски.

Во продолжение изјавите на директорката Петровска, стручниот соработник Белогаски и дечињата кои учествуваа во активноста „Гледај книга-цртај корица”: https://www.facebook.com/268787666980316/posts/1132894187236322/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*