
Во Делчево заврши петдневната обука од проектот „Училишта на 21 век“. Деветолетката ,,Ванчо Прке” е првото училиште во Македонија кое се вклучи во проектните активности за подобрување на практиките во училиштата како дел од иницијативата на Британскиот совет (British Council), меѓународна организација од Обединетото Кралство.
-Обуката се реализираше од 23 до 27.08.2021 година, при што наставниот кадар беше поделен во две групи и обуката беше реализирана со алаткaа за програмирање и кодирање. Целта на обуката е самостојно размислување ќ кое создава нови и иновативни идеи за критичко размислување по разни наставни предмети и теми кои кај учениците ќе поттикнат многу техники за истражување и вештини за решавање на нерутински проблеми, истакнаа од ООУ ,,Ванчо Прке”.

Оттаму упатија голема благодарност до обучувачи кои преку креативен и непосреден начин со многу посветеност помогнале да се збогати знаењето на учесниците за новите уреди на 21 век.
-Во рамки на проектот покрај учењето вештини за критичко размислување и решавање проблеми, децата на возраст од 10-15 години, ќе научат и практични вештини за програмирање и ќе имаат можност да ги практикуваат своите вештини преку џебни компјутери или т.н (micro-bit) уреди за кодирање, додадоа координаторите на проектот.
Проектот „Училиште на 21 век“ како што додадоа се реализира во повеќе од 100 земји и секојдневно остварува меѓународни можности и ги решава проблемите во информатичката технологија.
Британскиот совет (British Council) како меѓународна организација од Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности преку овој проект во соработка со Министерството за образование и наука има за цел да ги зајакне вештините за критичко размислување и решавање на проблеми во образовните институции.

Leave a Reply