Дуалните паралелки шанса младите од М.Каменица поопширно да се запознаат со рударството

По повод денот на рударите во Македонска Каменица остварена кратка средба помеѓу директорот на рудник Саса и вицепремиерот Љупчо Николовски кои поразговараа за можностите кои Рудник Саса ги прави за младите како дел од отворањето на дуална паралелка во Средното општинско училиште Миле Јаневски Џингар.

Од рудникот посочија дека преку дуалното образование од оваа учебна година ќе им се овозможи на учениците да стекнат практични вештини за работа во рудникот.

-Обезбедивме и 14 стипендии за студенти на рударскиот факултет и во делот на заштита на животната средина, а ја разгледуваме можноста во иднина тоа да го прошириме и со механичко-инженерство. Сето тоа досега беше на хартија и децата навистина немаа можност да видат дел од работниот процес. Затоа е важно во првата година да имаат теоретска настава додека во втора, трета и четврта година и практична настава, истакнаа од Рудник Саса на средбата со Николовски.

Целта на ваквата идејата според генералниот директор Скот Јеланд е да се инвестира во иднината на Саса, преку Тренинг кампот кој рудник Саса го стартуваше за таа намена.
-На тој начин младите не мора да чекаат да се стекнат со основно знаење за овој сектор  на факултетите, туку тоа да можат да го осознаат уште од средното училиште, додаде Јеланд.

Поради мерките за заштита од Ковид-19 Јеланд дополни дека во текот на вчерашниот ден доделени се наградите за најдобриот рудар, како и за рударите распоредени во неколку сектори како дел од работата на компанијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*