Заврши уредувањето на новиот мини-парк во Делчево

Заврши уредувањето на новиот мини-парк како дел од новото партерно и хортикултурно катче во центарот на Делчево. Во рамки на новата парковската содржина како што информираа од Општината  поставено е и соодветно осветлување како надополнување на просторот. 

-Со реализирање на оваа активност на граѓаните им е овозможено уште едно пријатно место за одмор. Во рамки на активностите кои се реализирани на специфичен терен извршено е и засадување на украсни садници, уредени зелени површини со поставување на клупи за одмор и канти за отпадоци, истакнаа од Општината.

Целта на активноста како што додадоа е решавање на проблемот со тесниот простор покрај главната улица „Маршал Тито“.

-Со овие активности ги завршивме активностите за оплеменување на  просторот со целосно расчистување на локациите кои наликуваа на депонии. Поради специфичниот терен целата партерна содржина е направена во вид на трибини, со што се надеваме на задоволство на граѓаните, позитивно делувавме кон промена на ликот на градот во централното градско подрачје, додадоа од Општина Делчево.

Инвестицијата за изградба на двете нови парковски содржини е на Општина Делчево, а работите ги изведуваат екипи на ЈКП „Брегалница“. Хортикултурното и партерно уредување како што дополнија ќе продолжат со поставување на нова чешма-фонтана заедно со нова урбана опрема.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*