Саса подобра од Локомотива во 2 коло од второлигашката конкуренција

Попладнево се одиграа сите пет мечеви од 2.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Ретко кој можеше да претпостави дека Беласица ќе киксира и тоа кај Братство на гости во Прилеп, каде одигра само 1:1. Струмичани поведоа со голот на Коцев, но подоцна Шаип израмни на 1:1.

Кит Го беше и повеќе од убедлив на мечот со Детонит. Иако Пехчевци играа во Штип, сепак тоа не им пречеше да одиграат како што треба и да победат со 4:1.

Победа на гости кај Кожув славеше со сигурни 2:0, по се изгледа дека прилепчани сезонава ќе играат една од главните улоги на истокот. Каменица Саса со 1:0 го победи составот на ТИМ Локомотива, а со истиот резултат славеше и Слга (Виница) против Осогово.

РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО

БРАТСТВО – БЕЛАСИЦА 1:1

КИТ ГО – ДЕТОНИТ 4:1

КОЖУФ – ПОБЕДА 0:2

КАМЕНИЦА САСА – ТИМ ЛОКОМОТИВА 1:0

СЛОГА (В) – ОСОГОВО 1:0

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*